Академија Пандев со победа над Борец обезбеди сигурен опстанок во Прва лига!

Фудбалерите на Академија Пандев предводени од тренерот Александар Васоски ја остварија прва цел – сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. „Пандевци“ во неделата на домашен терен во рамки на последното коло од Првата лига со 3:1 беа подобри од велешки Борец. Победата за Академија Пандев значи сигурен опстанок и задржување на прволигашкиот статус и за следната сезона.

Откако Васоски ја презеде Академија Пандев беа зацртани две цели – првата беше сигурен опстанок во Првата лига, а второтата беше освојување на Куп-титулата и на тој начин да игра во Европа. Првата цел е остварена, односно Академија Пандев останува во Прва лига на сигурниот начин, додека пак втората цел освојување на Купот на Македонија ќе дознаеме утре дали истата ќе биде остварена.

Академија Пандев е бранител на Куп-титулата од 2019 година, бидејќи минатата година Купот не се одигра, па доколку струмичани ја освојат титулата, тоа значи дека по втор пат ќе играт во квалификациите за европските натпреварувања, односно во Конференциска лига на Европа.

Comments are closed.