Академија Пандев против Борец за сигурен опстанок во Прва лига

Академија Пандев денес на домашен терен на СЦ „Пандев“ во Струмица го игра последниот натпревар во тековната сезона од Првата лига против екипата на Борец од Велес. Натпреварот за „пандевци“ е од големо значење и од самите нив зависи дали ќе обезбедат сигурен опстанок или пак ќе играт бараж за опстанок во елитата.

Борец во минатото коло со триумфот над Ренова го обезбеди опстанокот, па денес во Струмица доаѓа без никаков притисок и без резултатско значење, па токму тоа може да биде олеснителна околност за Академија Пандев да ги обезбеди трите бодови и со тоа да обезбеди сигурен опстанок.

Натпреварот ќе се одигра со почеток од 16:00 часот, а мечот ќе го суди Стојанче Трпевски.

Comments are closed.