Фудбалерките на Тиверија со седум погодоци ја декласираа екипата на Деспина од Прилеп

Фудбалерките на Тиверија го добија дербито со екипата на Деспина откако среде Прилеп со убедливи 0:7 беа далеку подобри од противникот во меч од 23. коло од Првата женска фудбалска лига.

Одлична игра и тотална доминација за струмичките фудбалерки. Тиверија имаше водство од 0:2 на полувреме со двата гола на Теодора Димоска. Во вториот дел убедливата игра на Тиверјанки продолжи. Во 50. минута Радица Велкова постигна гол за 0:3. Два нови погодоци постигна Димоска во 71. и 75. минута за 0:5. Две минути подоцна Ива Јосифова се запиша во листата на стрелци за 0:6, а конечните 0:7 ги постави Ања Михајлова во 81. минута од натпреварот.

Во следното коло Тиверија треба да игра на домашен терен против Плачковица од Радовиш.

Comments are closed.