Фудбалерите на Академија Пандев сосема очекувано го добија Градското дерби со Беласица откако на „Благој Истатов“ славеа со 0:2 и се на чекор до сигурен опстанок во Првата лига, во рамки на претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Уште во 2. минута беше отворен резултатот со гол на Ване Јованов. Во 14. минута судијата Јакимовски покажа на белата точка, а Марјан Радески успешно реализираше за конечните 0:2.
„Пандевци“ во последното коло против Борец на домашен терен сами ќе си ја решат судбината, дали ќе изборат сигурен опстанок или ќе одат во бараж за опстанок.