ЖФК Тиверија игра дерби во Прилеп против ЖФК Деспина

Иако Владата не ја промени одлуката и на сила останува одлуката за задолжително ПЦР-тестирање на сите спортски екипи, Првата женска фудбалска лига продолжува со натпревари со тестирање на екипите.

Од вчера е започнато соодветното тестирање на Ковид-19, со цел да може натпреварите од 23. коло да се одиграт.

Екипата на ЖФК Тиверија од Струмица во недела ќе гостува во Прилеп каде ќе одигра дерби натпревар со ЖФК Деспина. Струмичките фудбалерките во моментот се наоѓаат на второто место со 53 бодови и имаат 7 бодови негатива во однос на лидерот ЖФК Каменица Саса, додека домашната екипа е трета со 49 бодови.

Натпреварот ќе започне во 16:00 часот и ќе биде одигран без публика.

Comments are closed.