Во недела на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се одигра Градското дерби меѓу Беласица и Академија Пандев, во рамки на претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Беласица веќе отпадна и од следната сезона се враќа во Втората лига – Исток, додека Академија Пандев се бори за излез од бараж зоната и на тој начин да обезбеди сигурен опстанок. Трите бодови се императив за „пандевци“, доколку ги освојат тогаш во последното коло на домашен терен ќе играт директен дуел за сигурен опстанок со Борец. Победа во недела ќе биде силен и голем мотив за во последното коло против Борец.
Натпреварот ќе започне во 16:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика. Главен судија на натпреварот ќе биде Дејан Јакимовски.