Академија Пандев загуби од Пелистер во Битола

Фудбалерите на Академија Пандев загубија на гостувањето во Битола од екипата на Пелистер со резултат од 3:1 во рамки на 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Струмичани први дојдоа до водство со погодокот на Кире Маркоски во 24. минута. На четири минути пред крајот на првиот дел искусниот Борче Маневски ја смести топката во мрежата на Јовановски за 1:1. Само две минути игра беа потребни во вториот дел за битолчани да дојдат до водство со гол на Ристе Илијовски. Во 73. минута Гоудиаби Оумар ги постави конечните 3:1.

Во следното коло „пандевци“ играат Градско дерби со Беласица и очекувано би требало да ги освојат трите бодови со што ќе излезат повторно од бараж зоната и ќе обезбедат директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Comments are closed.