Беласица загуби во Тетово од Ренова

Фудбалерите на Ренова очекувано стигнаа до победа над отпаднатата Беласица откако со 3:1 славеа на домашен терен со што целион плен остана во Тетово, во меч од 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Гипсарите“ сега ја делат десетата позиција со Академија Пандев со по 35 освоени бодови и во однос на Вардар имаат четири бода предност. Ренова уште во 9. минута дојде до водство со голот на Ален Јашароски. Пред крајот на првиот дел Јашароски со втор гол донесе двојна предност на полувреме.

Во вториот дел Калпачки намали на 2:1 откако ја погоди мрежата на Велии во 52. минута. Стојановски во 82. минута покажа на белата точка за Ренова, а Јашароски успешно реализираше стигна до хет-трик и ги постави конечните 3:1.

Comments are closed.