Беласица против Ренова во Тетово

Фудбалерите на Беласица утре ќе гостуваат во Тетово каде ќе ги одмерат силите со Ренова во меч од 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Беласица веќе е отпадната и од следната сезона се враќа повторно во Втората лига – Исток, па утре во Тетово патува без притисок додека од друга страна на „гипсарите“ им „гори под нозе“ и мораат да ги зграпчат трите бодови со цел да останат во бараж зоната и над Вардар.

Струмичките фудбалери веќе еднаш и приредија изненадување на Ренова среде Тетово славеа убедливо со 2:4, додека во нивниот прв меѓусебен дуел од оваа сезона резултатот беше 1:1 во Струмица.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.

Comments are closed.