Академија Пандев утре гостува во Битола кај Пелистер

Фудбалерите на Академија Пандев утре ќе гостуваат во Битола каде ќе ги одмерат силите со Пелистер во меч од 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Важен натпревар за „пандевци“ во битката за сигурен опстанок и избегнување на баражот. Во моментот Академија Пандев ја дели осмата позиција со Силекс со по 35 освоени бодови, додека Пелистер е шести со 38 бодови.

Во првиот меѓусебен дуел во рамки на ПМФЛ, Пелистер минимално славеше над Академија Пандев со 1:0 додека на вториот натпревар Академија Пандев дома славеше со 3:2 над Пелистер.

Натпреварот ќе се одигра на „Под Тумбе Кафе“ со почеток од 13:00 часот.

Comments are closed.