Сулев влезе во елитното друштво на Беласица, 150 натпревар во плаво-белиот дрес

Фудбалерот на Беласица, Сулев Стефан кој е дел од клубот шест години, на натпреварот со Вардар, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го забележа 150-иот настап за плаво-белиот дрес и влезе во елитното друштво на само неколкумина клупски легенди кои достигнале ваков јубилеј.

31-годишниот фудбалер за Беласица има постигнато 17 погодоци.

По една сезона помината во ПМФЛ, Беласица од следната сезона се сели во Втората лига – Исток.

Comments are closed.