Беласица загуби од Силекс во Струмица

Фудбалерите на Беласица претпреа нов пораз откако на домашен терен со 1:3 беа поразени од Силекс во меч од вонредното 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Струмичката гордост по една сезоната помината во Првата лига од следната сезона повторно се враќа во Втората лига – Исток.

Кратовчани први стигнаа до водство откако Пепи Горгиев во 10. минута ја погоди мрежата на Вулиќ. По седум минути беше досуден пенал за домашните, а Бејнамин Демир успешно реализираше за 1:1. Во вториот дел од натпреварот Силекс постигна уште два гола и дојде до посакуваните три бодови. Во 68. минута Давид Манасиевски стрелаше за 1:2, а во 86. минута бугарскиот интернационалец Игнатов ги постави конечните 1:3.

Беласица во следното коло ќе гостува во Тетово каде ќе ги одмери силите со екипата на Ренова.

Comments are closed.