Академија Пандев одигра нерешено со Ренова

Струмичани први дојдоа до водство со гол на Даниел Миловановиќ во 24. минута од натпреварот. На старотот од вториот дел Ренова дојде до 1:1 со гол на „џокерот“ Ремзифаик Селмани. До крајот на натпреварот мрежите мируваа и на двете страни.

Академија Пандев сега е на деветото место на табелата со 35 бодови, колку што има и Силес кој е осми, додека Ренова е десета со 32 бодови. Во следното коло Академија Пандев ја чека тешко гостување во Битола кај Пелистер.

Comments are closed.