Беласица го загуби дербито со Вардар

Фудбалерите на Беласица минимални загубија на Националната арена „Тодор Проески“ од Вардар со 1:0 во рамки на 29. коло од Првата македонска фудбалска лига.

За вардарци ова беше прва пролетна борба и сламка за спас во елитата, а дали ќе успее во тоа ќе дознаеме веќе во среда.

Единствениот победнички погодок беше постигнат во 31. минута, а стрелец беше младиот Виктор Крстевски.

Беласица веќе е отпишана од Прва лига и есента ќе ја започне како второлигаш во Втората лига – Исток. Струмичките фудбалери слично како и пред две сезони кога експресно отпаднаа од Првата лига, ова сезона истото се случи, само една сезона во Прва лига и повторно назад во Втора.

Беласица е на дното од табелата со 17 бодови, додека Вардар со 31 бод е на претпоследното место на табелата. Во следната година ќе биде домаќин на Силекс.

Comments are closed.