Академија Пандев го загуби дуелот со Силекс во Кратово

Во воведниот натпревар од 29. коло од Првата македонска фудбалска лига паднаа пет гола, Силекс со 3:2 славеше над Академија Пандев на домашен терен во Кратово. За фудбалерите на Силекс овие три големи бода се многу важни во борбата за опстанок во елитата.

Кратовчани стигнаа први до водство со голот на Тантуровски Дејан постигнат во 17. минута, а само седум минути подоцна Манасиевски Давид донесе двојна предност за домашната екипа. Во вториот дел Силекс зголеми на 3:0 со гол на Горгиев Пепи во 75. минута, а една минута подоцна Маркоски покажа на белата точка за „пандеци“, а Радески Марјан успешно реализираше за 3:1. Во шест минути игра нововлезениот Димоски Бојан ги постави конечните 3:2.

Силекс сега е на деветтото место на табелата со 32 бодови, додека Академија Пандев со 34 останува на седмото место. Колото ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат одиграни останатите пет натпревари.

Comments are closed.