Ракометарите на Астраион загубија во Богданци од Младост

Младост на домашен терен во Богданци со убедливи 30:19 го надигра струмички Астраион, во рамки на 8. коло од плеј аутот од Супер лигата.

Домашниот состав беше фаворит и во текот на целиот натпревар имаше водство, а младите струмички ракометари имаа сили да стигнат само до израмнување на резултатот, 17:17 по што Младост повторно го врати водството и не дозволи никакво изненадување, а на крај славеше со убедливи 30:19.

Лашчакоу и Лупашко со по шест гола беа најдобри во редовите на Младост, додека кај Астраион со по пет погодоци најдобри беа Кавазов и Касапов.

Comments are closed.