Беласица остана без Каланоски на пет кола до крајот од Првата лига

Беласица на пет кола до крајот од ПМФЛ остана без еден од најдобрите фудбалери, Антонио Каланоски ја напушти Струмица. Иако сезоната од Првата лига се уште не е завршена, за струмичани сите надежи за опстанок се завршени, па од следната сезона се селат во понизок ранг. И да останеше Каланоски до крајот во Беласица, немаше да има повторно шанси за опстанок.

За 26-годишниот крилен играч имаше интерес од неколку клубови, меѓутоа не дојде до трансфер. Каланоски во својата кариера има настапувано и за Тетекс, Победа, Струга Трим Лум, Борец, Силекс, Младост Царев Двор, Еуромилк ГЛ, Металург, Напредок, Локомотива и Охрид.

Comments are closed.