Беласица игра дерби од дното со Вардар

Фудбалерите на Беласица во недела ќе гостуваат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје каде ќе ги одмерат силите со Вардар во дерби од дното на табелата, а во рамки на 29. коло од Првата лига.

Струмичкиот прволигаш за жал од следната сезона ќе игра во Втората лига – Исток, а во една таква ситуација е и екипата на Вардар, која од следната сезона би можела да се пресели во Втората лига – Запад.

Вардар е единствена екипа која во пролетниот дел нема победа, додека Беласица пред десетина дена во рамки на 26. коло славеше над Шкупи со минимални 0:1 среде Скопје, па тоа може да биде дополнителна причина струмичани да слават против разнишаниот Вардар.

Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот.

Comments are closed.