Академија Пандев на дерби со Силекс во Кратово

Со утрешниот воведен дуел меѓу Силекс и Академија Пандев ќе стартува 29. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во Кратово се игра дерби дуел во битката за сигурен опстанок во елитата. Двете екипи кои на 19. мај ќе играат финале од Купот на Македонија, утре ќе водат тешка борба во првенството за трите бодови. Силекс силно атакува на победа со цел да излезе од бараж зоната, додека „пандевци“ со евентуална победа ќе останат во сигурниот дел од табелата и би можеле да напредуваат едно место на табелата и во таков случај струмичани сигурно би останале во елитата.

Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот и ќе може да се следе во живо и на МРТ.

Comments are closed.