Градоначалникот Јаневски им честиташе на одбојкарите на Џио Струмица за освоената шампионска титула

Одбојкарите на Џио Струмица ја освоија шампионската титула во домашното одбојкарско првенство.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски им честиташе на струмичките одбојкарки за освоената шампионска титула.

„Ја имав честа лично да им ја честитам освоената шампионска титула на одбојкарите на Џио Струмица и да им се заблагодарам што уште еднаш не направија горди струмичани на нивните континуирани успеси“, напиша Јаневски на официјалната фејсбук страница.

Comments are closed.