„Пандевци“ убедливи против Вардар

Фудбалерите на Академија Пандев одигра одличен натпревар и стигнаа до убедлива победа над Вардар во рамки на 28. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Првиот гол на натпреварот беше постигнат во 14. минута од натпреварот кога судијата Ѓоргиев покажа на белата точка за „пандевци“, а Радески успешно реализираше. Крстовски Марио во 29. минута ја дуплираше предноста на 2:0, а шест минути подоцна Илиќ капитулираше по трет пат откако Стоилов Ѓорги ја стресе мрежата за конечните 3:0.

„Пандевци“ се во безбедната зона од табелата во Првата лига и веќе во следното коло играат против Силекс кој се бори за сигурен опстанок, натпревар кој е важен и за двете екипи.

Comments are closed.