Тиверија загуби на тешкото гостување во Берово кај Малеш

Тиверија на тешкото гостување на Градскиот стадион во Берово загуби од Малеш со 1:3.

АРХИВА

Струмичани први дојдоа до водство со гол на Горгиев Александар во 20. минута од натпреварот. На полувреме гостите имаа водство од 0:1. На стартот од вториот дел Пилов Ерол ја стресе мрежата на Гошев за 1:1.

Неизвеноста траеше до 80. минута кога нововлезелниот Пачарски Марјанчо постигна гол за 2:1 и водство на беровчани. По пет минути игра Пилов со втор гол ги постави конечните 3:1 со што трите бода останаа во Берово.

Comments are closed.