Хоризонт Турново со голема победа над Карбинци

Хоризонт Турново со 0:2 славеше победа над Карбинци во натпревар од 15. коло од Третата лига – Исток.

Резултатот беше отворен во 22. минута со гол на Глигоров Бранко. Во 39. минута од натпреварот Глигоров со втор гол ги постави конечните 0:2. Домаќинот најавува жалба поради неприсуство на петти играч младинец (физички), играч со број 2 Димитар Тасев, кој бил пријавен во протоколот, но физички не бил присутен и не се појавил до крајот на натпреварот.

Турново е еден од кандидати за прво место и со тоа враќање во Втората лига – Исток.

Comments are closed.