Спартмани во Градско Балдовци загуби од Работник Џумајлија

Спартмани продолжува со резултатската криза откако домашен терен во Градско Балдовци беше поразен од Работник Џумајлија со 0:2, во рамки на 15. коло од Третата лига – Исток.

За гостите од Лозово ова беше третиот сезонски триумф, додека Спартмани впиша девети сезонски пораз. Одлична игра на Работник кој дома си оди со вредни три бода во борбата за опстанок.

Првиот дел од натпреварот помина со мирни мрежи и на двете страни. На стартот од вториот дел Стаменов Петар беше исклучен од игра поради груба игра, па Работник со посилен притисок го скрши отпорот на домашната екипа во 50. минута откако Симонов Славче постигна гол за 0:1. Надежите на Спартмани за евентуално реми ги урна Стојковиќ Никола кој во 73. минута од натпреварот постигна гол за конечни 0:2.

Comments are closed.