Академија Пандев минимално загуби од Шкупи

Екипата на Академија Пандев претрпе минимален пораз (0:1) на домашен терен во Струмица од второпласираниот Шкупи.

Стрелец на единствениот гол беше Ламине Диацк кој ја погоди мрежата на Јовановски во 78. минута од натпреварот.

За „Пандевци“ ова беше 13-ти сезонски пораз, додека Шкупи стигна до 14-тиот сезонски трумф. Во однос на табелата Акадамија Пандев е во безбедниот дел односно на осмата позиција со 31 освоен бод, додека Шкупи е втор со 49 бодови и има десет помалку од лидерот Шкендија.

Веќе во среда Академија Пандев ќе гостува токму кај лидерот Шкендија, додека Шкупи ќе биде домаќин на „фенерџијата“ Беласица.

Comments are closed.