Беласица на домашен терен против Македонија ЃП

Беласица утре на домашен терен во Струмица ќе ја пречека екипата на Македонија Ѓорче Петров во рамки на 26. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ од Скопје ќе допатуваат како фаворити по трите бодови, но струмичкиот прволигаш кој е забетониран на дното од табелата и гледа кон Втора лига ќе го искористи домашниот терен да направи изненадување против гостинската екипа која игра променливо на последните пет натпревари.

Стојановски Марјан ќе ја дели правдата на мечот, а ќе му помагаат Лика Куштрим и Јанкуовски Зоран. Натпреварот ќе се одигра без присуство на публика и ќе започне во 13:00 часот.

Comments are closed.