Академија Пандев домаќин на Шкупи

Екипата на Академија Пандев утре на домашен терен ќе се соочи со Шкупи, во натпревар од 26. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ во моментот ја имаат најдобрата форма на последните пет натпревар, серија од четири победи и само едно реми, од можни 15 бодови се освоени 13. Шкупи на последните пет натпревари има три победи и два порази, па поради слабите резултати и загубените шанси за шампионската титула беше донесена одлука за промена на тренерот. Токму тоа е голема предност и за Академија Пандев, која на СЦ „Пандев“ ќе има голем мотив за да стигне до десетата сезонска победа и со тоа да продолжи да се искачува на табелата.

Во досегашниот тек од сезоната струмичкиот прволигаш собра 31 бод и се наоѓа на осмото место на табелата, односно во безбедниот дел, додека Шкупи е втор со 46 бодови.

Главен судија на натпреварот ќе биде Стојчевски Игор, а негови помошници ќе бидат Василевски Даниел и Ицковски Филип. Натпреварот се игра без присуство на публика и ќе стартува во 13:00 часот.

Comments are closed.