Во неизвесен натпревар КК Струмица загуби од КК Борец Баскет

Кошаркарите на Струмица денес го одиграа заостанатиот натпревар од 13. коло од Втората кошаркарска лига – Исток против екипата на Борец Баскет во Велес со 74:71.

Во еден неизвесен натпревар повеќе среќа имаше домаќинот, па бодовите останаа во Велес.

Во однос на табелата КК Струмица е на шестата позиција со 24 бодови, додека Борец Баскет има 28 и се наоѓа на третото место.

Веќе утре КК Струмица ја очекува нов натпревар против Баскет Кам на домашен терен.

Comments are closed.