Ракометарите на Астраион утре на домашен терен против Прилеп

Утре во рамки на 5. коло од суперлигашкиот плеј-аут ракометари на Астраион во „Парк“ во Струмица ќе ја пречекаат екипата на Прилеп.

Струмичките ракометари се на дното од табелата заедно со Радовиш и без освоено бодови, додека прилепските ракометари имаат две врзани победи и со шест бодови се на четвртото место на табелата.

Формата го фаворизира гостинот за трите бодови, но Астраион ќе се обиде на домашен терен да ја запише првата победа во плеј-аут и да ги израдува струмичани.

Натпреварот поради полицискиот час ќе се одигра порано, односно во 15:00 часот, а судиска двојка ќе биде Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Василе Чавдаров од Богданци.

Comments are closed.