Академија Пандев во финалето од Купот на Македонија ќе игра против Силекс

Фудбалерите на Академија Пандев во големото Куп-финале на 19. мај ќе играат против екипата на Силекс, која денес со победа над Струга Трим Лум покрај езерото со 0:1 стана вториот финалист.

Вчера, Академија Пандев со 1:3 беше подобра од Македонија ЃП на теренот во Ѓорче и се пласираше во финалето, каде ќе има можност да ја одбрани Куп-титулата, која ја обезбеди во 2019 година со победа токму над Македонија ЃП.

Силекс по 24 години повторно се пласираше во големото финале, па ќе има можност после долги години да ја донесе титулата во Кратово.

Comments are closed.