Академија Пандев утре против Македонија ЃП во големото полуфинале од Купот на Македонија

Фудбалерите на Академија Пандев утре го играат големото полуфинале од Купот на Македонија против екипата на Македонија Ѓорче Петров на гостински терен во Скопје.

Големо затоа што ќе се одигра само еден натпревар, право на „кикс“ немаат и двете екипи, победникот патува во финалето кое е закажано за 19. мај.

Претходно, овие две екипи се судрија во сабота во натпревар од 25. коло од Првата лига, каде „пандевци“ со 1:2 токму во Ѓорче славеа над „лавовите“. Инаку, овие две екипи ги одмерија силите во финалето од Купот во 2019 година, кога струмичани победија на пенали. Минатата година поради прекинот на сезоната поради коронавирусот не се играше завршиница од Купот.

Натпреварот се игра со почеток од 15:00 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Качевски Јован од Струга, ќе му помагаат Мацевски Ацо и Бакрачески Разме исто така од Струга.

Другата полуфинална двојка е Струга Трим Лум и Силекс кој се игра на Градскиот стадион во Струга. Победничкот од овој натпревар ќе го игра финалето со победникот од утрешниот натпревар меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.

Comments are closed.