Одбојкарите на Џио Струмица загубија од Универзитет во Тетово

Иако натпреварите во завршницата на лигашкиот сегмент не можат да променат ништо околу двојките за полуфиналето во разигрувањето, сепак тие се показател за тоа како може да се одвива битката за титулата меѓу Универзитет во Тетово и Џио Струмица.

АРХИВА: Џио Струмица – Универзитет во Тетово

Откако струмичани го одбранија куп-пехарот, тетовци повторно славеа во меѓусебниот дуел од Втората фаза-1 во првенството, овој пак на домашен терен со 3.1. Претходно, Џио Струмица се раудваше трипати во првите три одмерувања на силите во сезоната, но фактот што последните два меча во шампионатот му припаднаа на Универзитет, посочува дека финалната серија може да биде максимално неизвесна.

Првиот сет од натпреварот го добија струмичките одбојкари со 21:25. Во вториот сет за нијанса беа подобри домашните одбојкари со 25:23. Третиот сет од натпреварот одигран во Тетово заврши со 25:22 за Универзитет, а четвриот заврши со 25:21 за конечните 3:1.

Промени на табелата нема, Џио Струмица со 54 бодови е лидер на табелата, додека Универзитет во Тетово со 48 бодови е на второто место на табелата.

Comments are closed.