Од утре полициски час од 20 чaс, a од среда се затвораат угостителските објекти

На денешната седница на Владата се донесе одлука за дополнителни рестриктивни и превентивни мерки со единствена цел – заштитата на јавното здравје и заштита на сите граѓани.Рестриктивните мерки се однесуваат на:

Забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Северна Македонија, од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, (од 6 до 20 април 2021 година).

➡️ Граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцини, за временскиот период непосредно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење, им се дозволува враќање до своите живеалишта, престојувалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација.❌

Целосна забрана за посетители, гости, во сите угостителски објекти, кафетерии, ресторани, барови, клубови и други објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителските објекти, дел за исхрана во угостителските објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион и други објекти за сместување или на бензински станици.

❌ Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, шалтер, штанд, пулт.

❌ Целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.

❌ Се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани.

Comments are closed.