Тиверија го декласираше Спартмани во Струмица

Тиверија немаше милост кон Спартмани и со 6:1 го декласираше гостинот од Градско Балдовци во секој поглед, во натпревар од 14. коло од Третата лига – Исток.

АРХИВА

Ристовски Мартин го донесе Спартмани прв до водство од 0:1, но тоа како да го налути домашниот тим кој преку Јанков Јани најпрво израмни во 22. минута, а во 39. минута со втор гол на Јанков за водство од 2:1. Пред самиот финиш од првиот дел Митров Димче постигна гол за 3:1 на полувреме.

На стартот од второто полувреме Јакимов Христијан донесе водство од високи 4:1. Во 51. минута Трајков Васко погоди за 5:1, а Ѓоргиев Јован од Спартмани си постигна автогол за конечните 6:1.

Тиверија се искачи на седмото место на табелата со 16 бодови и ќе го напаѓа петтото место за подобар пласман на табелата до крајот на сезоната.

Comments are closed.