Хоризонт Турново го доби дербито со Малеш

Фудбалерите на Хоризонт Турново без проблем на „Кукуш“ го среди Малеш со 2:0, во натпревар од 14. коло од Третата лига – Исток.

Победничката серија на Турновци продолжува и понатаму, додека беровчани очигледно не можат да го надминат поразот од Детонит на домашен терен од прехтодното коло, па тоа влијаеше на нивната денешна игра.

Првиот дел од натпреварот помина без погодици на двете страни.

Во вториот дел Турново стигна до водство во 50. минута со гол на Георгиев Александар, а конечните 2:0 ги постави Крстев Васил.

Турново е на третото место на табелата со 31 бод и има 4 помалку од новиот лидер Детонит, па останува во сериозна трка за првата позиција и враќање во Втората лига.

Comments are closed.