Беласица загуби од Струга Трим Лум

Струга Трим Лум очекувано ја запиша деветтата сезонска победа, откако на домашен терен со 3:1 беше далеку подобар противник од „фенерџијата“ Беласица која го дожиеав 17-тиот сезонски пораз, во рамки на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Резултатот беше отворен во 18. минута од натпреварот со гол на Ристевски Александар за водство на домашната екипа од 1:0. Во 27. минута Џаке Клисман постигна гол за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел од натпреварот Каланоски си постигна автогол за убедливото водство на домашната екипа од 3:0. Пред самиот финиш од натпреварот стружани си постигнаа комичен автогол за конечните 3:1.

Comments are closed.