Убедлива победа на КК Струмица во градско дерби со КК Ролинг 08

Кошаркарките на КК Струмица ја продолжија победничакта серија, откако денес го совладаа и градскиот ривал КК Ролинг 08 со резултат од 53:79.

АРХИВА: КК Феникс – КК Струмица

Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Д. Абрашев со 21 поен. Во листата на стрелци се запишаа уште и А. Наумовски со 17, А. Шајкаров со 14, Б. Димитриев со 13, Д. Зетов со 6, В. Вучков со 4, Д. Ахтаров со 3 и К. Ангелов со 1 поен.

Со оваа трета победа по ред, КК Струмица останува во трка за висок пласман и борба за кошаркарската елита.

Comments are closed.