Струмица Жени загуби од Јанта Волеј Кисела Вода

Одбојкарките на Струмица Жени загубија со 3:0 во сетови од екипата на Јанта Волеј Кисела Вода на гостувањето во Скопје, во полуфиналето на најсилната македонска женска одбојкарска конкуренција.

Домашните одбојкарки беа подобар противник и одиграа одличен натпревар, во однос на струмичките одбојкарки. Првиот сет заврши со 25:21 за домашната екипа, а со ист резултат заврши и вториот сет. Во третиот сет домашната екипа покажа моќ и со 25:15 го доби третиот сет за конечни 3:0.

Натпреварот се одигра во Спортската сала на ОУ „Невена Г. Дуња“ во Скопje.

Comments are closed.