Хоризонт Турново домаќин на Малеш

На „Кукуш“ екипата на Хоризонт Турново ќе го пречека беровски Малеш, во рамки на 14. коло од Третата лига – Исток.

Домашната екипа игра одлично, шансите за прво место, а со тоа и враќање во второлигашкото друштво се реални, а после убедливата победа во Градско Балдовци од 0:8 над Спартмани, Турновци ќе истрчат максимално мотивирани по нова победа.

Беровчани мораат да го заборават тешкиот пораз на домашен терен од Детотнит од минатото коло, шансите за прво место се загуби, бодовната разлика до првото место е 12, па Малеш ќе мора до крај на сезоната да одигра за што подобар пласман на табелата. Гостувањето во Турново ќе биде уште сериозен тест за екипата на Малеш, која ќе треба дома да се врати со трите бодови и да ги израдува своите фанови.

Comments are closed.