Тиверија на домашен терен против Спартмани

Тиверија на домашен терен ја чека екипата на Спартмани, во рамки на 14. коло од Третата лига – Исток.

АРХИВА

Фудбалерите на Тиверија ќе важат за фаворит за петта сезонска радост, кои со евентуална победа можат да го скокнат Спартмани и да се искачат на седмото место на табелата.

Гостинот од Градско Балдовци игра катастрофална пролет, а големиот пораз од 0:8 од Турново е уште една потврда дека Спартмани нема сили да се издигне и да ја врати формата од есенската полусезона.

Натпреварот ќе стартува во 15:00 часот.

Comments are closed.