Фудбалерките на Тиверија го загубија големото дерби со Каменица Саса

Женскиот фудбалски клуб Тиверија го загуби големото дерби со актуелниот шампион Каменица Саса со минимални 1:0 во натпревар од 21. коло од Првата женска фудбалска лига.

Израмнет и неизвесен дуел со цврсти дуели. Победничкиот гол падна во 85. минута од натпреварот одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, а стрелец беше Дервиши Рабија.

Тиверија останува на второто место на табелата со 50 бодови, додека Каменица Саса чекори кон нова шампионска титула, со 57 бодови е на лидер на табелата.

Во следното коло Тиверија на домашен терен во Струмица ќе се соочи со Речица, додека Каменица Саса игра дерби во Прилеп со Деспина, па при евентуален „кикс“ шансите за прво место кај Тиверјанки ќе се зголемат.

Comments are closed.