Беласица во недела гостува кај Струга Трим Лум

Екипата на Беласица во недела ќе има тешко гостување кај екипата на Струга Трим Лум, во натпревар од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани ќе бидат голем фаворит против за жал „фенерџијата“ Беласица, која е закована на дното од табелата. Во нивните меѓусебни два дуели, екипата на Струга има две победи. Во првиот натпревар Струга ТЛ со 3:0 ја декласираше Беласица, додека во Струмица, Беласица беше поразена со 1:2.

Натпреварот ќе стартува во 15:00 часот и ќе може да се следи на ТВ платформата на ФФМ.

Comments are closed.