Академија Пандев утре гостува во Скопје кај Македонија ЃП

Фудбалерите на Академија Пандев од утре ги продолжуваат првенствените натпревари после репрезентативната пауза со гостување во Скопје кај екипата на Македонија Ѓорче Петров, во воведниот натпревар од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Домашната екипа ќе биде благ фаворит на натпреварот поради домашниот терен, но „пандевци“ влегоа во ритам и имаат одлична форма на последните пет натпревар, а токму со тоа успеа да излезет од опасната зона и во моментот се на сигурното осмо место на табелата.

Во однос на меѓусебните дуели, двете екипи се имаат соочено девет пати во рамки на Првата лига, додека два пати се имаат судрено во рамки на Купот. Во нивните вкупно 11 меѓусебни пресметки, „пандевци“ имаат пет победи, додека „лавовите“ три победи, а исто така, три натпревари завршиле без победник. Интересно е што во нивните меѓусебни дуели, и двете екипи немаат победа на гостински терен, па тоа значи дека Академија Пандев утре ќе атакува на прва гостинска победа против Македонија ЃП, што го прави натпреварот да биде интересен и возбудлив.

Натпреварот ќе стартува во 15:00 часот и ќе може да се следи на МРТ 1 / МРТ 3.

Comments are closed.