Фудбалерките на Тиверија од Струмица утре ќе гостуваат во Македонска Каменица каде ќе го одиграат најважниот натпревар во сезоната со актуелниот шампион Каменица Саса, во рамки на 21. коло од Првата женска фудбалска лига.

Тиверјанки влегуваат максимално мотивирани за трите бодови и многу е важно истите да бидат обезбедни, со цел да се доближат на само еден бод до Каменица Саса која е лидер на табелата. Најголемото дерби во тековната сезона за шампионската титула е дерби на колото, а целиот фокус ќе биде насочен токму на овој натпревар.
Ѓоргиев Крумислав ќе биде главен судија на големото дерби, а ќе му помагаат Ѓорѓиев Ристо и Саздовски Зоран.
Натпреварот за жал ќе се одигра пред празни трибини поради мерките за заштита од Ковид-19, а ќе стартува во 11:00 часот.