Фудбалерките на Тиверија го добија големото дерби со АС Јунајтед

Фудбалерките на Тиверија со минимални 1:0 беа подобри во големото дерби со екипата на АС Јунајтед од Струмица, во натпревар од вонредното 20. коло од Првата женска фудбалска лига.

Димоска Теодора е херојот на натпреварот, која во 20. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Ова голема победа ја остава екипата на ЖФК Тиверија во сериозна борба со актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса во борбата за шампионската титула.

Во следното коло Тиверија ќе има жешко гостување во Каменица Саса, каде ќе го игра најважниот натпревар во сезоната против актуелниот шампион Каменица Саса. Директен дерби дуел за шампионската титула.

Comments are closed.