Кошаркарите на Струмица запишаа голема победа над Про Баскет

Кошаркарите на Струмица запишаа нова победа, откако во заостанат натпревар од Втората кошаркарска лига – Исток со 77:73 беа подобри од екипата на Про Баскет од Кавадарци.

АРХИВА: КК Феникс – КК Струмица

Во текот на целиот натпревар во кој шанса во поголемиот дел добија помладите играчи, екипата на КК Струмица ја имаше играта, контрола над резултатот и не дозволуваше можност противникот да се врати со можност за изненадување. Одлична игра прикажа и најефикасен во редовите на КК Струмица беше Душан Ахтаров со 20 поени, а го следеа Драган Абрашев со 19, Баже Димитриев со 14, Димитар Зетов и Миле Ѓоргиев со 11 и Кире Ангелов со 2 поени.

Comments are closed.