Женскиот фудбалски клуб Тиверија утре на Општинското фудбалско игралиште во Струмица ќе го одигра големото дерби со АС Јунајтед.

Дербито за струмичката екипа ќе биде многу важно, па победата и три бодови ќе бидат императив со цел да остане во сериозна трка за шампионската титула, а со тоа и притисокот ќе биде врз домашната екипа. Гостите од Струга доаѓаат ги загубија шансите за прво место, а со тоа и за шампионската титула, па во Струмица доаѓаат без притисок по победа со цел да останат во игра за второто место, а со тоа и подобар пласман на табелата.
Натпреварот кој ќе го привлече најголемото внимание во 20. коло од Првата женска фудбалска лига ќе стартува во 13:00 часот.