Кошаркарите на Струмица се вратија со победа над МКК Куманово

Кошаркарите на Струмица после паузата поради Ковид-19 се вратија со победа, откако вчера со 69:56 беа подобри од екипата на МКК Куманово.

АРХИВА: КК Феникс – КК Струмица

Но, пред струмичани се дури три неодиграни натпревари кои мора да ги добијат доколку сакаат да се пласират во првата „четворка“.

Најефикасен во екипата на Струмица беше Б. Стојановски со 17 поени. Него го следеа М. Наумовски со 15 поени, Д. Абрашев со 13, Б. Димитриев со 9 поени, А. Шајкаров со 8 поени и М. Ѓоргиев со 7 поени.

Во следното коло КК Струмица ќе игра градско дерби со екипата на Ролинг, натпревар кој ќе биде многу важен за Струмица, а со оглед на фактот дека станува збор за градско дерби, фаворит нема, а ќе има неизвесен натпревар.

Comments are closed.