Фудбалерките на Тиверија го декласираа Атлетико

Фудбалерките на Тиверија во саботата во Битола забележаа нова убедлива победа, овој пат против екипата на Атлетико од високи 1:9, во натпревар од 19. коло од Првата женска фудбалска лига.

Резултатот беше отворен во 14. минута со гол на Димоска Теодора за водство на Тиверјанки од 0:1. Со два брзи гола во 27. и 29. минута Тиверија зголеми на високи 0:3, а стрелци на погодоците беа капитенката Ристовска Александра и Велкова Сара. Со втор гол Димоска зголеми на 0:4, а Панеска Билјана во 43. минута накачи на 0:5. Во самиот финиш од првото полувреме, Димоска стигна до хет-трик, а водството се зголеми на убедливи 0:6.

Во вториот дел Тиверија продолжи да ја полни мрежата на битолската екипа. Велкова Сара со втор гол зголеми на 0:7 во 58. минута, а шест минути подоцна Николовска Теодора беше прецизна за 0:8. Димоска немаше милост кон противникот и со четврти гол донесе водство од 0:9 во 77. минута. Три минути подоцна Велевачкоска покажа на белата точка, а Павловска Јована успешно реализираше за конечни 1:9.

Тиверија ја продолжува борбата за шампионската титула со лидерот Каменица Саса и екипата на Деспина од Прилеп.

Во следното коло Тиверија во Струмица ќе игра дерби со АС Јунајтед, натпревар кој ќе биде многу важен за струмичките фудбалерки во борбата за првото место. Атлетико ќе гостува кај лидерот Каменица Саса.

Comments are closed.