Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски им ја честиташе освоената Куп-титулата на одбојкарите на Џио Струмица, кои вчера со 3:1 во сетови славеа над Универзитет во Тетово.
Струмица вечерва уште еднаш потврди дека е одбојкарски центар во државата. Честитки за „ЏИО Струмица“ за освоената КУП титула, со која продолжува низата од долги успеси кој ги бележи струмичката одбојка. Момци, Струмица е горда на вас! Посакувам успесите да продолжат и во првенството и упатувам голема благодарност за беспрекорната организација на завршницата од 28. Македонски одбојкарски куп, напиша градоначалникот Јаневски.
